Работилница Арт Ексел – Тренинг за целокупна трансформација

Тренинг за целокупна трансформација (8-13 години)

"Вистинската мерка за успех е среќно, здраво, стабилно дете кое е способно ефективно да се справи со животните предизвици."

-Шри Шри Рави Шанкар

Овозможена во практичен и забавен формат, оваа работилница е наменета за деца на возраст од 7 до 13 години. Работилницата Арт Ексел, преку техники со кои се постигнува мир во умот, ментална бистрина, фокус, физичка релаксација и емотивна стабилност, им помага на децата да ги развијат своите лични вештини и природен потенцијал.

За да бидат успешни во животот, на децата им се потребни не само академски, туку и животни вештини, кои се стекнуваат со работилницата Арт Ексел.

Преку забава, смеа, работа и игра во хармонија, децата учат скапоцени лекции за споделување и развивање на чувство за припадност со другите.

По завршување на работилницата, децата стануваат природни, поедноставни, поудобни во различни групи на луѓе и полесно се изразуваат. Активностите како запознавање на ново другарче секој ден и случајно изразување на добрина им помага на учесниците да станат свесни за потребите на другите и ја охрабруваат интеграцијата на човековите вредности во нивниот секојдневен живот. Децата на оваа програма и даваат позитивни оценки.

Во Арт Ексел децата учат:

  • Шест клучеви до успех
  • Јога и техники на дишење кои помагаат во отстранување на стравот и напнатоста 
  • Техники кои го подобруваат фокусот и концентрацијата 
  • Едноставна медитација и техники за релаксација 
  • Вештини за пријателство, лидерство и тимска работа. 

 

Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives. Read More