Sri Sri Yoga

Чиста форма на јога за почетници и трагачи
Шри Шри Јога – Патот до ум и тело без стрес

Добредојдовте во Шри Шри Јогата – чиста и автентична форма на јога. Комплетна јога дисциплина, каде мудроста и техниките на јогата се донесени до вас на многу едноставен и темелен начин. Се учат комбинации на нежни и енергични асани за добробит на телото, а истовремено е ставен еднаков акцент на техниките за негување на умот и духот.

Јога асаните кои биле практикувани со векови, споени со мудроста од древните списи, се пренесуваат во облик кој ќе ви помогне да го подобрите квалитетот на секојдневниот живот.

Познато е дека преку вежбите кои се учат на работилниците, учесниците губат тежина и можат да се излечат од хронични болести како несоница, астма, дијабет, покачен крвен притисок и мигрена. Асаните во Шри Шри Јогата се дизајнирани со цел да се добие балансирано здравје и мирен ум.

За моето тело

  • Ги зајакнува и ревитализира внатрешните органи
  • Ја подобрува флексибилноста
  • Ги зајакнува мускулите и коските
  • Овозможува подобра рамнотежа и држење на телото
  • Ја подобрува дигестијата, циркулацијата и имунитетот
  • Ја подобрува функцијата на нервниот и ендокриниот систем
  • Се зголемува енергијата

За мојот ум

  • Развива интуиција
  • Го намалува стресот и го смирува умот
  • Го изострува интелектот
  • Ја зголемува меморијата
  • Ја зголемува јасноста
  • Се подобрува креативноста во животот

Податоци за работилницата

Шри Шри Јогата е 10 часовна работилница која трае четири дена. Идеална е за почетници како и за напредни практиканти кои сакаат да ја збогатат нивната физичка, емотивна и духовна благосостојба. За повеќе информации посетете ја веб страната за Шри Шри Јога.

Координатор за работилници Шри Шри Јога

Координатор за Шри Шри Јога во Македонија: popovski@on.net.mk 

Upcoming Art of Living Courses

Minimum 1 km
Founded in 1981 by Sri Sri Ravi Shankar,The Art of Living is an educational and humanitarian movement engaged in stress-management and service initiatives. Read More