Sahaj Samadhi Meditation

Дали е вашата медитација ненапорна, пријатна и ефикасна?

Ви ја претставуваме медитацијата Сахаџ самади:
  • Искусете длабок внатрешен мир – состојба самади
  • Зголемете ја самосвесноста, јасноста и креативноста
  • Станете сосема оспособени да медитирате само неколку часови
Најдете семинар во вашата близина

Како нешто толку ненапорно може да биде толку ефикасно?

Погледнете го ова кратко видео и ќе дознаете како делува

Иако не бара напор, овој древен и редок вид медитација дава длабок ефект.

Познатите забележани благосостојби вклучуваат:
  • Јасност на умот
  • Зголемена енергија
  • Подобро физичко здравје
  • Подобрени односи
  • Поголем мир на умот
 
Што споделуваат практикантите

Поврзете се со изворот

Прогамата на медитација Сахаџ самади го вежба нашиот свесен ум да ги искуси тивките длабочини на нашата сопствена природа.

На санскрит, сахаџ значи ненапорно. Самади е медитација – природна состојба – надвор од будна состојба, од спиење и од сонување, која е природен резервоар на енергија, на интелигенција и на креативност, како и место на бесконечен мир и спокој.

Практикување на медитацијата Сахаџ самади ни ги донесува следниве квалитети во нашиот секојдневен живот: повеќе енергија, јасност, радост и длабок внатрешен мир.

“Луѓето бараат радост секаде, не знаејќи дека сепството е извор на сето задоволство.”

ШРИ ШРИ РАВИ ШАНКАР

Лесно се учи

Медитацијата Сахаџ самади е природна и ненапорна. Телото и умот се опуштаат во состојба на длабоко и префинето одморање во кое длабоко вкоренетите стресови бидуваат отстранети, а се отвора искуството на личниот бесконечен потенцијал за мир, радост и за креативност.

Секој може да ја научи, и со неа целосно да завладее, за само неколку часови обука.

Благосостојбите се веднаш видливи, опипливи и кумулативни, а пак, вежбата сама по себе дава опуштање и уживање.

Формат на програмата

Обуката од експерти со доживотна поддршка ви обезбедува ефикасна медитација

Лична инструкција

Добивате лична инструкција од сертифициран учител.

Доживотна поддршка

Добивате одговори на своите прашања за медитацијата до крајот на животот!

Групни сесии

Личната инструкција е проследена со вежбање во мала група.

Продолжете да учите

Локалните и онлајн-сесиите на обновување ви помагаат да изградите стабилна практика.

„Сахаџ самади ми помага да се чувствувам посмирено и помалку нервозно, но најдобро од се е што ми помогна, кога изутрина ќе станам, да бидам поопуштен, попродуктивен и посреќен. Исто така, ситуациите на работа се "поглатки".

- Милош

„Моите медитации се време само за мене, кога можам се да отпуштам и едноставно да бидам. И кога ќе завршам, се чувствувам одморно, радосно и смирено... подготвена да се соочам со сите нешта што животот ги бара. Медитацијата навистина ми помогна да го намалам својот стрес и анксиозноста и ми даде способност да се смеам дури и во тешки ситуации.”

Милена, менаџер за продажба на недвижнини

Колку се разликува од мindfulness, концентрациите и водените медитации?

За разлика од водените медитации, кога еднаш ќе се научи - Сахаџ самади не бара додатни уреди или водство. И генерално, ве води на многу потивко и подлабоко место.

Сахаџ самади значи „ненапорна медитација“. Не бара контролирање на умот како медитациите на концентрација, ниту бара будно посматрање на мислите и на емоциите како кај mindfulness (обрнување внимание) медитациите. Оттаму, утврдено е дека Сахаџ самади може полесно и побрзо да се научи од mindfulness или концентрациите што бараат ментален напор, а и подолг период за да се совладаат.

Како што е подучувана од

Шри Шри Рави Шанкар

светски признат хуманитарец и духовен водач

Медитацијата Сахаџ самади ја подучуваат само учители што се лично сертифицирани од Шри Шро Рави Шанкар. Оваа медитација доаѓа од традицијата стара илјадници години и зачувана е во својот чист облик за вие да го имате најјасното искуство од медитацијата.

 
 

Шри Шри ја опишува медитацијата сахаѓ самади како ретка комбинација од едноставност и длабочина. Таа илјадници години е пренесувана низ традицијата на учителите, одржувајќи ја автентичноста и истовремено станувајќи многу подостапна.

„Во самади, таа многу длабока состојба на медитација, ви се дава енергија и долготрајно блаженство. Таа ве носи се повеќе и повеќе додека вашата присутност не почне да зрачи љубов.”

Шри Шри Рави Шанкар

основач на фондацијата Уметност на живеење и творец на медитацијата Сахаџ самади

„По Сахаџ- програмата, чувствувам општ напредок во количеството енергија, иако спијам помалку отколку порано. Исто така, поприсутен сум во секојдневните мигови на својот живот, во односите со пријателите и со семејството. Открив дека станав многу посмирен и помалку реактивен во ситуации кои порано ме загрижуваа. Забележав и дека станав уште покреативен.“

- Рафаел, маркетинг менаџер