Рурален развој

Холистички начин на живеење преку 5Х програмата (Домови, Здравствена заштита, Хигиена, Човечки вредности и Хармонија во диверзитетот)

 

5Х програмата, има за цел во секоја рурална област да обезбеди Домови за бездомните, воспоставен систем на Здравствена Заштита, Хигиена, Хумани вредности и Хармонија во диверзитетот. Воспоставена во 1997 година,5Х програмата, делува како катализатор во социјалната трансформација. Оваа програма исто така има за цел да ја искорени сиромаштијата, мизеријата, заразните болести, како и да осигура мир и хармонија во руралните и племенските области насекаде во светот.

Младите луѓе од локалната заедница, подлежат на Тренинг Програма за Млади Лидери (Youth Leadership Training Program - YLTP), што им овозможува да се здобијат со вештини, мотивација како и со способност да иницираат и водат сервисни проекти во нивните села, базирани на локалните потреби.

Само силната духовна основа дава непоколеблив самопоттик и самодоверба. Всушност, ова е таа комбинација на духовност, и вештини и тренинг за лидерство, што обезбедува долготрајна ефикасност и одржливост на оваа програма.

 

Достигнувања на  5Х програмата 

  • Вклучени  40,212 селски општини 

  • Вклучени 110,000 млади од руралните заедници во тренинг програмата за лидерство-YLTP

  • Одржани 165,000 работилници за ослободување од стрес, од кои корист имаат повеќе од 5,688,000 луѓе

  • Одржани 49,500 кампови за хигиена, како и 25,950 медицински кампови, од кои корист имаат  2,582,500 луѓе

  • Насадени повеќе од  10 милиони дрвја

  • Изградени 1895 домови, 5418 тоалети, 1152 бунари за вода и 904 постројки за био-гориво

  • Развиени 55 модални села кои им користат на 115,000 луѓе

  • Тренинг за органско земјоделство за над 6000 луѓе

Придружи се  на револуцијата за промена

  • Дали си инспириран и спремен да превземеш социјална одговорност?

  • Сакаш да се фокусираш и да бидеш дел од промената која сакаш да ја видиш?

  • Дали си спремен да бидеш доследен и да изградиш тим на лидери?

Тогаш, придружи му се на Семејството - Исконтактирај со  YLTP Координатор

  • Трансформирај животи

  • Подари насмевка