Развој на рурални домови

 

Програма за Рурален Развој

5Х програма: Сеопфатна грижа (5Х: Домови, Здравствена Заштита, Хигиена, Човечки вредности и Хармонија во диверзитетот) 

5Х програмата, има за цел во секоја рурална област да обезбеди Домови за бездомните, воспоставен систем на Здравствена Заштита, Хигиена, Хумани вредности и Хармонија во диверзитетот. Воспоставена во 1997 година,5“Х„ програмата, делува како катализатор во социјалната трансформација. Оваа програма исто така има за цел да ја искорени сиромаштијата, мизеријата, заразните болести, како и да осигура мир и хармонија во руралните и племенските области насекаде во светот.

Младите луѓе од локалната заедница, подлежат на Тренинг Програма за Млади Лидери (Youth Leadership Training Program - YLTP), што им овозможува да се здобијат со вештини, мотивација како и со способност да иницираат и водат сервисни проекти во нивните села, базирани на локалните потреби.

Само силната духовна основа дава непоколеблив самопоттик и самодоверба. Всушност, ова е таа комбинација на духовност, како и вештини и тренинг за лидерство, што обезбедува долготрајна ефикасност и одржливост на оваа програма.