Потеклото на Сударшан Крија

Сударшан Крија е создадена во 1980 во Шимога, Индија, каде Шри Шри Рави Шанкар, сега водечки хуманитарец и духовен лидер во целиот свет, беше во десет дневен молк.

“Јас веќе патував низ целиот свет. Подучував јога и медитација.Но сепак бев загрижен за тоа како да им помогнам на луѓето да живеат среќен живот. Чувствував дека има нешто што недостасува. Иако луѓето ги практикуваат нивните практики, нивниот живот е поделен на делови; кога ќе излезат во надворешниот свет, тие се многу поинакви луѓе. Па, размислував како би можело да се премости оваа празнина - помеѓу внатрешната тишина и надворешниот свет.

За време на десетдневен молк, Сударшан Крија дојде како инспирација. Природата знае што да даде и кога да даде. Откако излегов од молк, започнав да подучувам се што знаев и луѓето доживуваа огромно искуство.”
~ Шри Шри Рави Шанкар

Од тогаш, Сударшан Крија - моќна, техника на ритмичко дишење, е основа на сите семинари на Уметност на живеење.  Првиот семинар го одржа Шри Шри Рави Шанкар во Шимога. Шри Шри Рави Шанкар ја има прилагодено античката мудрост многу практична за модерниот свет, и ги воведејогата, пранајами и медитација во секојдневниот живот на милиони луѓе во текот на последните три децении.