Meditation

Онлајн водена медитација

Онлајн медитации: освежувачки 20-минутен туш

За да ја искусите медитацијата не мора да одите во изолирана пештера на Хималаите. Можете да го започнете вашето внатрешно патување со медитација токму сега. Добрите вести се дека не мора да правите било што – медитацијата не е акција, таа е уметност на пуштање без било каков напор.

Медитацијата е високо ефективна антистрес практика, бидејќи дава релаксација на потсвесното ниво. Синхронизацијата на телото, умот и душата се случува во медитација. Ќе се чувствувате посмирени, посреќни, поенергични, ќе имате појасни способности за размислување и за донесување на одлуки.

Одморот што го добивате во медитација е подлабок од најдлабокиот сон. Само неколку минути медитирање е еднакво на скоро четири часа спиење. Во медитација – вашиот ум е буден, а сите останати органи се во длабок одмор. Се вели дека медитацијата е најчистиот облик на молитва.

Спремни да го започнете патувањето?

  • Само бидете сигурни дека нема да ве вознемируваат во период од 10-20 минути и дека средината е тивка и мирна. Отстранете било какви кожни и метални предмети што се наоѓаат на вас.
  • Притиснете на онлајн медитација по ваш избор и затворете ги очите.
  • Релаксирајте се сè повеќе и повеќе. Опуштете се во свежата, смирена, јасна длабочина на вашето Битие.

Хара Хара медитација

 

Трансформирање на емоциите

 

Водена медитација 1

 

Хари Ом медитација

 

Водена медитација 2

 

Водена медитација 3